Поплавите немаат никаква врска со земјотресите

0
454

По секоја поголема поплава, во Македонија почнуваат шпекулациите дека кај и да е ќе има и земјотрес на местата зафатени од поплавите. После секоја таква помала или поголема катастрофа, Михаил Гаревски, директорот на Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија постојано дава изјави и вели дека докажано е дека земјотресите и поплавите немаат меѓусебна врска.

Да, може да зборуваме само за коинциденција, како на пример со скопскиот земјотрес во 1963 година и поплавата во 1962 година. Епицентарот на земјотресите се јавуваат најплитко на околу 10 километри, а водите не одат толку длабоко за да можат да предизвикаат такви силни тектонски поместувања на плочите што би довеле до земјотрес. Значи, врнежите и поплавите не го зголемуваат ризикот од појава на земјотреси. Докажано е дека земјотресите и поплавите немаат меѓусебна врска“, вели Гаревски, директор на ИЗИС.

www.mkd.mk