Попоски: Да ја почитуваме презумпцијата на невиност, да оставиме судот да одлучи

0
263
Macedonia's Foreign Minister Nikola Poposki looks on during an official visit to Helsinki October 1, 2012. REUTERS/Markku Ulander/Lehtikuva (FINLAND - Tags: POLITICS) NO THIRD PARTY SALES. NOT FOR USE BY REUTERS THIRD PARTY DISTRIBUTORS. FINLAND OUT. NO COMMERCIAL OR EDITORIAL SALES IN FINLAND

Треба да ја почитуваме презумпцијата на невиност и да оставиме судските инстанци да одлучат дали е некој виновен или не, вели вицепремиерот и министер за надворешни работи Никола Попоски, носител на листа во првата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ, во неделното интервју на Радио Слободна Европа, одговарајќи на прашањето како дел од осомничените за криминал во неговата партија ветуваат бескомпромисна борба против криминалот.

„За прашања од типот кој ќе заврши во затвор единствено легитимно и надлежно е судството во Македонија и мислам дека за тоа прашање најдобро е судството да биде тоа во рамки на правна процедура да одлучи кој каде треба да заврши“, изјави Попоски

Тој изјави дека треба да се почитуваат основните постулати, на судството, а тоа е презумпција на невиност и да оставиме судските инстанци да одлучат дали е некој виновен или не за тоа.

На прашањето пак кои се тие странски служби и кои се тие „горе“, до кои граѓаните треба да испратат порака на изборите, како што изјавува Никола Груевски, Попоски одговори дека во однос на странски фактор во нашиот контекст според него најголемата важност за сите нас е да си се посветиме што е во интерес на Македонија.

„За нас НАТО и ЕУ се зближувачка сила на сите политички сили во Република Македонија, околу ова мислам дека никој не треба да има елементи, а околу интересите на тие од надвор, мислам дека можат да бидат какви сакаат, ние треба да се грижиме за нашите интереси. Ако сме посилни, внатре врзани по однос на овие теми, може да имаме разлики по однос на мал милион други политички прашања, Македонија ќе добие, ова треба да ни биде целта“, изјави Попоски.

 

mkd.mk

Без коментари

LEAVE A REPLY