Попоски и Коѕијас ќе бараат брзо решение на спорот со името

0
161

Преку градење на заемна доверба меѓу Македонија и Грција, шефовите на дипломатиите на двете земји Никола Попоски и Никос Коѕијас ќе се обидат што е можно побрзо да најдат решение околу разликите за името на земјава.

Ова го договориле двајцата министри на средбата во средата во Скопје, при што договорени се 11 точки на соработка за коишто, како што рече Попоски, основа нашле меѓу најслабата и најсилната алка во меѓусебните односи, односно довербата којашто ја немало и соработката на двата народа, особено на деловен план.

„Договоривме 11 конкретни марки за довераба од образованието, здравството, надворешните работи и слични. Правиме нов чекор, а најслаба алка во соработката е довербата, додека најсилна бизнисот и економската соработка“, изјави Никола Попоски.

„Културата има огромно значење и помага за меѓусебно разбирање, но разговаравме и за прашањата како што се правдата и безбедноста. Треба да направиме што побрзо мерки за соработка. Искуството на Грците овојпат ќе помогне, сакаме владеење на правото, економски развој и се надеваме дека и атаму ќе се среќаваме и договараме за прашањето на името“, изјави Никос Коѕијас.

Двајцата министри, како што беше истакнато по разговорите во Министерството за надворешни работи, договориле и отсега натаму да се среќаваат на министерско ниво со цел да се воспостави подобар политички дијалог.

Се согласиле дека предолго време е поминато без решение во разликите околу името на земјава  и дека тој спор во целтото време ги обременувал односите меѓу двете земји , кои надвор од спорот имаат многу заеднички интереси.

„Постојат разлики околу спорот за името, но за секој проблем постои решение“ , рече Коѕијас.

„Денеска, немаме решение за овој спор, но имаме пристап кој би ни овозможил во некое догледно време да градиме клима за доближување на нашите односи. Нашиот најголем проблем е непостоењето на доверба, особено на политичко ниво и тоа непостоење на доверба не може да не доведе до ситација на решавање на толку голем и сложен проблем кој задира во најдлабоките емоции на граѓаните и тука и таму. Наш интерес, многу јасен македонски интерес е да имаме решение и да можеме да станеме членка на НАТО и на ЕУ, Грција е земја членка на двете семејства, а нам ни треба согласност од сите земји членки на нАТО и на ЕУ, за да можеме да пристапиме. И од билатерален аспект поради потенцијалот и интересите кои ги имаме  и од меѓународен аспект, интересот да бидеме дел од НАТО треба да работиме на ова“, рече Поповски.

Запрашан за неодамнешните изјави дека во Македонија постои иредентизам кон Грција,. Шефот на грчката дипломатија Коѕијас рече дека задно со неговиот македонски колега востановиле дека такво нешто нема.

„Еден човек кој го крева своето знаме на Олимп е еден тип иредентизам“, рече Коѕијас, асоцирајќи на потеготна поранешниот шеф на дипломатијата, Антонио Милошоски, кој се фотографираше со знамето од Вергина на оваа планина и тоа го објави на „Фејсбук“. Сепак, Коѕијас рече дека не е на него да дава коментари, а ги повика новинарите да истражат што е тоа што ја отежнува соработката меѓу двете држави.

Сепак, Коѕијас појасни дека и во Грција има структури кои на друг начин гледаат на соработката со Македонија, но дека тоа не е политика на актуелната влада која сака двете држави да постојат и да соработуваат заеднички. „Ние сме против екстремниот национализам“, рече Коѕијас.

Никос Коѕијас е првиот грчки министер за надворешни работи кој по една деценија доаѓа во билатерална посета на Македонија. Тој во среда освен средбата со својот домаќин шефот на македонската дипломатија Никола Поповски, по што се предвидени пленарни разговори меѓу делегациите на двете министерства, како што е најавено, ќе се оствари средба и со вицепремиерот задолжен за европски прашања Фатмир Бесими, а ќе биде примен и од претседателот на Македонија Ѓорѓе Иванов. Исто така шефот на грчката дипломатија ќе оствари средби и со лидерите на СДСМ, ДУИ и ДПА./крај/мф/бб

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстов не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Макфакс.