Попоски ќе се сретне и со грчкиот претседател Павлопулос

0
432

Според најавите, Попоски денешната посета ќе ја започне со средба со алтернативниот министер за јавен ред и цивилна заштита, Николаос Тоскас, на која главна тема ќе биде имигрантската криза, а потоа ќе се сретне со првиот потпретседател на Парламентот, Анастасиос Куракис. Најважните разговори, сепак, ќе се водат во кабинетот на грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, со кој Попоски ќе има средба во четири очи на која, како што беше најавено, ќе се зборува за најсуптилната тема, спорот за името, а во контекст на најавите за некакви нови идеи како да се реши спорот меѓу Македонија и Грција. Пред закажаната прес-конференција ќе разговараат и делегациите од двете земји, по што ќе следи приемот кај претседателот на државата Павлопулос.

Посетата на Попоски ја актуелизираше дополнително пишувањето на лондонски „Гардијан“, околу подготвеноста на Македонија да направи некакви отстапки за да се реши проблемот со името, а тоа го пренесоа грчките медиуми.

Без коментари

LEAVE A REPLY