Попоски на конференција во Брисел

0
188

Вицепремиерот и министер за надворешни работи, Никола Попоски во Брисел учествува на меѓународната конференција посветена на жртвите од холокаустот што се одржува во Европскиот Парламент.

Главна тема на собирот е враќањето на имотите на Евреите кои беа депортирани во нацистичките логори во Втората Светска војна.

Конференцијата ќе ја отвори претседателот на европскиот Законодавен дом, Антонио Тајани. Македонија го заврши процесот на реституција на македонските евреи кои беа жртви на Холокаустот, пишува во соопштението на Министерството за надворешни работи.