Попоски свечено ја отвори амбасадата во Токио

0
404

Министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, вчера, со свечена церемонија ја отвори амбасадата во Токио. Црвената лента ја пресекоа МНР Попоски, амбасадорот на Република Македонија во Токио, Андријана Цветковиќ и парламентарниот заменик министер за надворешни работи на Јапонија, Мики Јамада.

Во своето обраќање пред присутните, МНР Попоски истакна дека ова е историски момент во македонско-јапонските билатерални односи, што претставува логичен чекор по 21 година успешни билатерални односи помеѓу двете држави. „Луѓето во Македонија нема никогаш да ги заборават моментите на помош од Јапонија кога најмногу ни била потребна, како што е трагичниот земјотрес во 1963 година во Скопје. Јапонија е држава која ни пружа и финансиска и техничка помош години наназад. Таков пример е и последната донација за нашата држава за справување со мигрантскиот наплив со кој се соочуваме”, истакна тој.

Без коментари

LEAVE A REPLY