Попоски за Гласот на Америка: Имаме сериозни разидувања со Грција за името

0
322

Со Грција имаме сериозни разидувања во однос на прашањето за името, но сме согласни дека во моментот не можеме да разговараме по него бидејќи имаме различни видувања, изјави министерот за надворешни работи на Република Македонија, Никола Попоски, во интервју за Гласот на Америка на македонски јазик.

„Ако зборуваме за прашањето за името, тогаш мислам дека ситуацијата е непроменета, односно имаме сериозни разидувања, но сме согласни дека во овој период не можеме да разговараме за толку сериозно прашање кое е единственото по кое имаме различни интереси, различни видувања во грчко-македонските односи“, вели Попоски.

На прашањето доколку Македонија треба да избира меѓу името и НАТО, што би избрала и дали може да се прави некаков избор, Попоски посочува дека не би било праведно од НАТО да биде поставено прашањето на штета на земјата што ги исполнила сите други критериуми да влезе во алијансата.

„Исто така, не можеме да бидеме наивни и да не признаеме дека една земја-членка може да го блокира целиот процес“, рече министерот за надворешни работи.

Без коментари

LEAVE A REPLY