Поповска се откажа од добитното место на листата на СДСМ

0
576

Лилјана Поповска од ДОМ се откажа од добитното место на пратеничките листи на СДСМ и на здружената опозиција и своето место го препушта на друг, помлад кадар, а таа ќе се премести на некое друго место кое не гарантира пратенички мандат, соопшти таа на прес конфренција.

-Многу пати досега сум се откажала од функции и не сакам да предизвикувам раздор и тоа ќе го сторам и овој пат. ДОМ има одличен кадар и тој што ќе влезе во Собранието, со моја помош ќе  ја продолжиме битката за демократизација на општеството, рече Поповска.