Поповска за ветеното а нереализираното

0
1290

-Изминаа 3 мандати на ДПМНЕ како локална власт, а проектите кои ги ветуваа останаа само на хартија. Дел од нив ги ветуваа во повеќе нивни изборни кампањи, а сигурно без грам срам ќе ги ветуваат и во оваа.

Еден од многуте ветени а нереализирани проекти е и трансформацијата на Централното градско подрачје во пешачка зона со изградба на подземни гаражи деловни објекти.

Двете изминати кампањи ова им беше еден од клучните проекти. Требаше да се изградат подземни гаражи со капацитет од 340 паркинг места пред домот на културата кои би биле приклучени на подземна сообраќајница со формирање на пешачка зона во центарот на Битола.

Уште еден проект за кој останаа само празни зборови а кој требаше да биде изграден во 2013 година е и Изградбата на катните гаражи во централното градско подрачје со кој требаше да се ублажи проблемот со недостиг на паркинг места.

Освен извршените измени на Деталниот Урбанистички План со кои се предвидени 2 маркици за катни гаражи НИШТО друго не е направено, изјави Билјана Поповска, кандидат за советник од СДСМ и коалицијата.

Без коментари