Поповски и Ѓорѓиевска наградени од ДЛУБ.

0
579

Друштвото на ликовните уметници на Битола, традиционално по повод Денот на ослободувањето на Битола, 4 ти ноември, ја организираше ноемвриската изложба посветена на градот.

Делата на повеќе од 20- тина уметници, членови на ова здружение, беа дел од изложбата.

Истата ја отвори градоначалничката на Битола, Наташа Петровска.
Оваа година наградите им беа доделени на битолските ликовни уметници: Александар Поповски и Елена Ѓорѓиевска.
Годишната изложба на членовите на ДЛУБ. ги носи најновите ликовни остварувања од сите ликовни техники и содржини и е настан кој го одбележува културниот и уметничкиот живот на тековната година во Битола.

Уметниците се претставија со својата најнова работа, нудејќи ја на увид својата ликовна креативност пред битолската јавност.

На изложбата со свои дела учествуваа Александар Поповски, Беди Ибрахим, Билјана Бинчев, Драган Најденовски, Елена Ѓоргиевска, Златко Крстевски, Илија Кочовски, Љубица Мешкова Солак, Маја Ковачевска, Марија Велевска Анастасовска, Оливера Лазаревска Оља, Панде Петровски, Роберт Михајловски, Снежана Алтипармак.