Популаризација на македонската музика преку Преспа Урбан фест

0
337

Со настапот на  ДНК на Градскиот Плоштад  Цар Самоил во Ресен, започна годинешното издание на Преспа Урбан Фест. Посетителите на оваа манифестација која е во организација на општина Ресен во соработка со дел од угостителските објекти во градот, имаа можност да уживаат во промоцијата на новиот албум на еден од најпопуларните македонски музички бендови.
– Преспа урбан фест преминува во традиционална манифестација, оваа година ни се случува извондредна атмосфера тука на Градскиот Плоштад во Ресен кои ја создваат големиот браој на млади луѓе присутни вечерва на концертот на ДНК. Во широкиот колорит на културно забавни создржини кои се случуваат во Преспа во летниот период , Преспа Урбан Фест има централно место и се надевам дека истата ќе ги задоволи вкусовите на сите оние кои је го посетат оваа дводневна забава во Ресен. Општината има интенција да продолжи со организација на вакви и слични настани , се со цел дел од културните настани да се стават во функција на туризмот- истакна Градоначалникот на Општина Ресен д-р Ѓоко Стрезовски.
– Мило ми е што веќе втора година по ред сме тука на овој настан во Ресен , кој е мал град но е еден од ретките кој се грижи за популаризација на македонската музика и артисти преку кунтинуирано ангажирање на македонски изведувачи на манифестациите во организација на општината што е секако за поздравување. Секоја година кога доаѓам тука и поминувам низ настапи гледам дека овој настан станува се подобар и подобар и посакувам да се продолжи така и верувам дека ќе биде се како што треба – изјави Панчо од ДНК.
Инаку на годинешниот Преспа Урбан Фест кој се одржува два дена во Ресен настапи покрај ДНК имаа и бендовите Екстравагаза, Ние запирка Другарите , Влатко Лозановски , Градуст Бенд и други локални бендови.

 

Без коментари