Поради големиот бран албански азиланти, албански полицајци на границите на ЕУ

0
218
Во септември албански полицајци ќе бидат распоредени на клучните гранични премини на земјите од Шенген зоната, за да ги контролираат албанските патници. Ова за тиранскиот весник „Шќиптарја“ го најавил еврокомесарот за проширување на ЕУ, Јоханес Хан.
Тој искажува загриженост од зголемениот бран азиланти од Албанија и нагласува дека албанските власти треба многу повбеќе да сторат за да го заштитат визниот режим.
Во врска со започнувањето преговори, Хан вели дека нема одреден датум и додава дека интеграцијата е чекорење по автопат со неопределена брзина, каде единствен фактор на влијание се реформите во земјатата кандидат.
Што се однесува во реформите во правосудството и лустрацијата, Комесарот Хан упатува апел до страните да одлучат брзо и со консензус