Поради магла откажани летови на скопскиот аеродром

0
378

Маглата го отежна авиосообраќајот на скопскиот аеродром. Дел од летовите се откажани, а дел пренасочени кон аеродромите во Охрид и Софија. Од утрово не се реализирани летовите кон Виена и Истанбул, од Охрид е пренасочен летот за Ајндховен и Лубек, а реализирани се полетувањата кон Загреб и Гетеборг. Од ноќеска нема слетувања на скопскиот аеродром. Главно пренасочени кон софискиот аеродром се летовите од Виена, а кон Охрид летовите од Малме и Барселона. Откажан е лет од Истанбул.