Поради навредата од Латас, граѓани од турска националност излегуваат на протест!

0
395

Латас во текот на вчерашното гостување на опозицискиот лидер Зоран Заев ги навреди сите припадници на турска националност.

„Ве повикуваме сите слободоумни граѓани утре (четврток) точно напладне во 12 на мирен протест пред Влада на Република Македонија да го изразиме нашиот револт против дрската навреда кон нас турците, а во 13 часот пред телевизија Сител“, пишува во повикот.

Ќе побараат  Владата да се огради од коментарот на Драган Павловиќ Латас , сите партии со предзнакот турски да излезат од коалиција со ВМРО ДПМНЕ; и пратениците во парламентот на Република Македонија да побараат одговорност од Тв Сител.

На протестот е најавено дека ќе се поднесе групна тужба против уредникот на Дневникот на Тв Сител, Драган Павловиќ Латас согласно законот за граѓанска одговорност за изречена клевета или навреда.

Имено, во последниот дневник на погоренаведениот медиум, Латас им се извини на Турците за навредата, која рече не била негово мислење или став туку едноставно гаф.

Жалам и се извинувам на секој Турчин кој се почуствувал навреден и ветувам дека тоа никако не може да се повтори, бидејќи тоа не е ниту мој став, ниту мое убедување, едноставно е мој гаф, рече уредникот на телевизија Сител Драган Павловиќ- Латас во третиот Дневник.