Поради одрони сеуште затворен патот Ресен-Битола

0
706

Магистралниот пат А-3, Ресен-Битола-Прилеп, кај Битола, поради одрони на патот, сè уште е затворен за сообраќај. Сообраќајот се пренасочува низ градот Битола, информира АМСМ.

Во изминатиот период беа изградени неколку привремени блокади за запирање на свлечиштата на овој дел од патот, но по последните дождови се покажа дека тие не можат да ги спречат големите одрони од камења.