Поради поплави евакуирани 160.000 луѓе во Јужна Америка

0
472

Поради едни од најголемите поплави во последните неколку децении во Јужна Америка, евакуирани се околу 160 илјади луѓе во Парагвај, Аргентина, Бразил и Уругвај, пренесуваат во саботата вечерта тамошните медиуми.
Најтешка е ситуацијата во Парагвај, пренесува аргентинскиот портал La Nacion. Бројот на евакуирани во оваа држава се проценува на околу 130.000, а регистрирани се четири смртни случаи поради паѓање на дрвја во силната бура. Поголемиот дел од земјата е без електрична енергија.

Само 90 илјади луѓе се евакуирани од околината на парагвајската престолнина Асунсион. Многу од овие семејства живееле во сиромашните населби на брегот на реката Парагвај. Алберди, 120 километри јужно од Асунсион, владата препорача евакуација уште од 7.000 семејства кои живеат на истата река.

Две лица загинале а околу 20.000 се евакуирани во трите покраини во северна Аргентина. Причина е опасното зголемување на нивото на водата на реката Уругвај, која тече и во истоимената соседна земја на Аргентина. Според властите од градот Конкордија, најголеми штети биле направени во покраината Ентре Риос.

Поплавите по течението на реката Уругвај се забележани и во територијата на соседен Бразил. Во сојузната држава Риу Гранде ду Сул на безбедно се евакуиран повеќе од 9.000 луѓе. Претседателката Дилма Русеф во саботата ја надлетуваше со хеликоптер територијата на настраданата општина Уругуајана. Вкупно штети од поплавите пријавиле 38 бразилски општини на границата со Аргентина и Уругвај каде 1.795 луѓе останале без своите домови.

Од поплавите настрадал и Уругвај. Според последните извештаи таму загинале две лица а евакуирани се околу 9.000 луѓе

Поплавите ги предизвикаа силните летни дождови кој го донесе Ел Нињо, соопштија уругвајските власт. Годинешниот феномен Ел Нињо е најопасниот во повеќе од 15 години, објави во ноември Светската метеоролошка организација при ОН./крај//мф/сн

Без коментари

LEAVE A REPLY