Поради прашина жителите од улицата Довлеџик бараат попрскување на улицата со вода

0
1860

Барем повремено да се попрскува со вода улицата Довлеџик за да не се крева прашина. Ова е барањето на жителите од оваа улица до градските власти. Веќе две недели како што велат прашината им влегува во нивните домови. Инаку оваа улица го крати патот кој што води кон Брусничка населба. И покрај знакот што стои на почетокот на улицата дека патот се гради, голем број возила поминувале тука . За да го спречат тоа тие денеска ја блокираа улицата со своите автомобили, до 16 часот.

-Се подигнува прашина, не можиме пенџер да отвориме, не можиме да се изладиме, алишта да исушиме, тоа е конкретно нашето барање, ние не се буниме за тоа што се гради, бидејќи имаме потреба да се изгради и ќе биди подобро за сите нас, проблемот е прашината. Прво се обративме до работниците што работеа тука да ни овозможат нивно прскање, еднаш се случи тоа еднаш попрскаја и оттогаш еве веќе две недели нема ништо, изјави Никола Јовановски

Побаравме информација од Општината Битола околу овој проблем. Од таму велат дека ќе се постапи по нивното барање. Согласно планот за работа даден им бил налог на изведувачите да попрскуваат низ улицата. но поради високите температури доаѓало до поголема прашина, велат од Општина Битола.