Поради силни турбуленции во авион на Ер Канада повредени повеќе од 20 патници

0
307

Најмалку 21 лице биле повредени, а меѓу повредените наводно има и три деца. Никој не е во животна опасност.

Како што изјавиле шокираните патници, во моментот кога почнале турбуленциите некои патници буквално одлетале од своите седишта.

„Беше тоа лет од пеколот. Беше страшно, не знаевме дали ќе преживееме“, изјавила една патничка. Друг патник кажа дека видел како маж „одеднаш летнал од седиштето“.

 Отворена е истрага за инцидентот, а од Ер Канада не објасниле што ги предизвикало турбуленциите.

Без коментари

LEAVE A REPLY