Поради случувањата во Турција зголемена безбедноста во регионот

0
526

Земјите во регионот воведоа засилени безбедносни мерки поради синоќешниот обид за државен удар.

Министерство за надворешни работи на соседна Бугарија информираше дека Турција ги затворила граничните премини со Бугарија. Бугарските власти ги зајакнаа патролите на границата со Турција и ги повикаа своите граѓани да не патуваат за Турција.

Премиерот на Бугарија, Бојко Борисов одржа состанок со безбедносните и разузнавачките служби.

Во состојба на борбена готовност е армијата во Грција. Српскиот премиер Александар Вучиќ закажа состанок на кој се разгледуваат мерки за заштита на граѓаните.

И други држави преземаат слични мерки. Границите со Турција ги затворија Грузија и Иран.