Поради сомнителна пратка затворена канцеларијата на Ангела Меркел

0
361

Канцеларијата на германската канцеларка Ангела Меркел е запечатена поради сомнителен пакет, изјавил портпаролот на Германската федерална полиција, пренесува агенцијата Reuters.

„Истражуваме еден сомнителен пакет“, изјавил портпаролот за Reuters. Агенцијата, пак, повикувајќи се на изјава на очевидец, пренесе дека полицијата истражува четири жолти поштенски пратки.

Пред полицијата да ја испразни зградата, канцеларката Меркел се подоготвувала за редовен состанок со министрите во германската Влада.

Инаку во 2010 година, полицијата успеа да открие пратка со експлозив, која од Грција била испратена на адреса на која се наоѓа канцеларијата на Меркел во Берлин.