Поранешен работник на ОН тврди дека видел вонземјани

0
218

Во најновото бизарно откритие, поранешниот работник на Обединетите нации, Андре Жињак тврди дека открил доказ за постоење вонземјани и биороботи на Марс.

Андре Жињак, ловец на Неидентификувани летачки објекти (НЛО – UFO), вели дека воочил мртов вонземјанин на фотографија од планината Шарп на Марс, која е снимена од американската агенција за вселенски истражувања NASA.

Тврди дека на истата фотографија открил врежани вонземски лица, четвороног робот и уште еден женски робот со гради.

Жињак вели дека сé уште работи на анализа на фотографијата, но верува дека на црвената планета дефинитивно постои биолошка присутност, пишува Cyrptozoology News.

„Никој нема да се осуди да негира. Сликата на мртов вонземјанин е шокантна, но што е со роботите? Имаат нозе, но не и глава. Дали NASA го пратила овој робот на Марс? Мислам дека не. Вонземјани се на Марс. Моите откритија го одземаат здивот“, додава Жињак.

Ова не е првпат Жињак да изнесува вакви радикални тврдења за вонземјани на Марс. Минатиот месец 58-годишниот Канаѓанец рече дека се сомнева во темната точка на делот од кратерот Ендевоар за која смета дека се вонземјани кои гледаат нанадвор.

„Бев запрепастен. Беше тоа голем панорамски прозорeц вграден во внатрешниот ѕид на кратерот“, тврди Жињак. Верува дека букнерот може да биде и коридор кој води до поголем бункер.

Сепак, тој остава можност и да згрешил.

Copyright 2015 makfax Сите права се задржани. Текстот не смее да се печати или емитува, во целина или во делови без договор со Мakfax.