Поранешен војник почна штрајк со глад

0
379

Поранешниот професионален војник Маријанчо Горбански стапи во штрајк со глад. Точно на пладне го постави шаторот пред Собрание.

Тој пред неколку години останал без работа, бидејќи ја достигнал старосната граница според тоашаниот закон. Решението подоцна претпри измени, а границата беше поместена до 45 години, но Горбански заедно со уште 100-тина негови колеги останаа без решен статус. Сега, тој вели дека ќе протестира додека и оваа група не биде опфатена со законот.
Отпуштените професионални војници во неколку наврати се обидиле да алармираат за својот проблем. Оствариле средба со министерот Јолевски, побарале помош од претседателот Иванов и премерот Груевски, но одговор не добиле.
Ова е втор случај годинава како се штрајкува со глад пред собранието, со цел да се привлече вниманието за да се реши одреден проблем.