Поранешен војник пукал во белци во Тенеси

0
406

Набрзо откако Мајка Џонсон во Далас уби пет полицајци и рани девет лица, се случија уште три слични инциденти во Мисури, Џорџија и Тенеси.

Неколку часа откако американскиот воен ветеран со африканско потекло пукаше во 12 бели полицајци, убивајќи петмина од нив а ранувајќи седум, на протест во Далас, уште еден црн поранешен припадник на американската војска пукал во автомобили и во полицајци на автопат во Тенеси.

Притоа животот го загубила една жена, а ранети се три лица, меѓу кои еден полицаец, пренесува Асошиејтед прес.

Како и снајперистот од Далас, напаѓачот од Тенеси Лаким Кион Скот (37) кажал дека во четвртокот пукал како одговор на полициската бруталност кон Афроамериканците, соопштија американските власти.

Во пукањето во Тенеси настрадаа и цивили, а една од нив е убиената 44-годишна Џенифер Руни, мајка на две деца која работела како разнесувач на весници и во моментот на нападот возела по автопатот.

Скот, кој бил вооружен со јуришна пушка, пиштол и големо количество муниција, е ранет во престрелка со полицијата и префрлен во болница, и се наоѓа во критична, но стабила состојба.

Полицијата на Тенеси соопшти дека со првичната истрага било утврдено дека Скот бил вмешан и во други инциденти.

Полицајците се нашле на мета на напади и во Џорџија и Мисури откако полицијата уби Афроамериканци во Луизијана и Минесота, додека во нападот на поранешен војник во Далас загинаа седум полицајци.

Полицаец кој бил застрелан во Сент Луис во Мисури бил префрлен во болница и во моментов е во стабилна состојба, соопштија властите. Полицијата го опишала осомничениот како Афроамериканец кој носел сива маица и фармерки, а бил уапсен набрзо откако полицијата почнала да го брка.

Уште еден полицаец во Валдоста во Џорџија бил ранет во размена на оган со непознато момче, а неговата состојаб е критична.

www.mkd.mk