Поранешниот словачки претседател Рудолф Шустер во посета на Македонија

0
293

Поранешниот претседател на Република Словачка Рудолф Шустер, од денеска до 13 септември ќе престојува во посета на Република Македонија во рамки на која ќе се сретне со претседателот на државата Ѓорге Иванов.

Како што соопшти Амбасадата на Република Словачка во Скопје, посетата на Шустер е по повод почесниот докторат кој ќе му биде врачен на Универзитетот “Св. Климент Охридски” во Битола. Церемонијата на врачување на докторатот ќе се одржи утре со почеток во 12 часот во Универзитетската библиотека “Св. Климент Охридски” во Битола.

Посетата на Македонија, Шустер ќе ја заврши со средба со претседателот Иванов во Скопје на 13 септември.

Рудолф Шустер е последниот шеф на странска држава со кој покојниот претседател на Република Македонија Борис Трајковски, официјално се сретна во февруари 2004 година во Скопје, само две недели пред неговата трагична смрт.

Тој беше втор претседател на независна Словачка, кој својот мандат го извршуваше од 1999 до 2004 година, кога земјата стана членка на ЕУ и НАТО.

Без коментари

LEAVE A REPLY