Порационално користење на водата од Курбинска Река

0
868

На жителите од преспанското село Курбиново ќе им се реши проблемот со водоснабдувањето со вода за наводнување на овоштарниците. Започна реализирањето на проектот за изградба на цевковод, дел од десетте мали инфраструктурни грантови за месните заедници обезбедени од проектот „Заштита на Преспанското Езеро“ кој го спроведуваат УНДП и Општина Ресен со донаторски средства од Швајцарската Развојна Агенција.

-На овој начин ќе се реши проблемот за жителите кои имаат проблем со водоснабдувањето, а имаа проблеми и со водата за пиење, рече Ѓоко Стрезовски, градоначалник на Ресен.goko

Жителите на Курбиново велат дека со оваа активност ќе имаат подобри приноси. Во имплементирањето на овој систем набавената опрема ќе биде поставена од самите жители и Месната Заедница на с. Курбиново со што се допринесува и партиципативно учество од самите корисници на овој проект за кој на име на опрема се обезбедени 20 000 американски долари.

-Отсекогаш сме имале проблеми со водата, во иднина ќе можеме што повеќе да засадиме овошни насади, вели Борче Ристевски, претседател на МЗ Курбиново.borece

-Делот на локалното население е да ја изведе секундарната мрежа, вели Митко Ристевски, жител на село Курбиново.mitko

Конкретниот зафат во село Курбиново е воспоставување на примарен систем за наводнување на околу 50 хектари овоштарници со што ќе се обезбеди рационално и одржливо користење на водата од Курбинска Река.

Без коментари

LEAVE A REPLY