Порнографски фотографии на заменик министерка во Украина

0
284

Анастасија Дева, заменичката на министерот за внатрешни работи задолжена за европска интеграција во Украина, веќе порано беше обвинувана дека е во врска со својот шеф, бидејќи тешко е да се поверува дека некој на 24 години има доволно искуство во политиката за да биде именуван за заменик министер.

Сега во јавноста се појавија нејзините разголени фотографии, а министерот за внатрешни работи ја брани својата заменичка велејќи дека нејзините критичари се „асексуални“ или „опседнати со моралот“. Тој додал дека нејзините фотографии се „приватни“ и настанати за време на нејзините студентски денови. Инаку, Дева овие фотографии ги објавила на социјалните мрежи, па така новинарите дошле до нив.

Од Министерствтото исто така пристигнал демант за нејзината врска со министерот, но проблематичен останува начинот на кој таа стасала до позицијата на заменичка. Таа наводно во својата пријава напишала дека има 10 години релевантно искуство што би значело дека со политика почнала да се занимава на 14 години.

Без коментари

LEAVE A REPLY