Поројни дождови предизвикаа поплави во цело Косово

0
351

Поројни дождови предизвикаа поплави во речиси сите општини во Косово, а најтешка е ситуацијата во општините Малишево, Сува река, Глоговац и Ѓаковица, пренесе БТА.

Човечки жртви нема, но штетите од поплавите се големи.

Претседателката Атифете Јахјага разговараше синоќа по телефон со градоначалниците на загрозените општини и се интересираше за мерките, преземени за спречување потешки последици.

Без коментари

LEAVE A REPLY