„Портокалова„ сензација во Загреб

0
906

Се случи и првото изненадување на 39 Евробаскет и тоа во нашата група во Загреб. Холандија ја совлада Грузија и направи голем чекор кон осминафиначето. Меѓу другото ни покажа и нам колку кобно може да биде потценувањето. Репрезентацијата на Холандија водеше од самиот почеток на мечот се до 34 минута. Сепак на средина од последниот период сопреа „лалињата„ и играта во одбрана на Грузија им донесе +5 на две минути до крајот. Поените на Смелдерс и Клоф, на Холандија му подарија историски триумф. Кај победничката селекција прво име беше Чарлтон Клоф со 16 поени. Кај Грузија Блескаа Пачулија и Шенгелија, кои заедно постигнаа 22 поени. Мечот се играше во нереален амбиент пред само 200 гледачи.

Полска – Б и Х 68:64 (16:18, 24:12, 18:23, 10:11)
Вачински 15, Понитка 13 (Полска) – Стипановиќ (Б и Х)

Германија – Исланд 71:65 (20:14, 21:12, 18:17, 12:22)
Новицки 15, Шредер 15 (Германија) – Стефансон 23 (Исланд)

Грузија – Холандија 72:73 (17:17, 9:19, 22:22, 24:15)
Пачулија 16,Шенгелија 16 (Грузија) – Клоф 22 (Холандија)

Чешка – Естонија 80:57 (18:9, 25:15, 21:11, 16:22)
Весели 16, Шилб 14 (Чешка) – Вене 18, Вајдеман 10 (Естонија)

Без коментари

LEAVE A REPLY