Португалија е новиот Европски шампион

0
511

Со голот на Едер во 109. минута од натпреварот Португалија ја победи Франција во Париз и за прв пат во својата историја стана Европски шампион.

Португалија е новиот Европски шампион, Франција загуби на свое тло, во Париз, Роналдо и неговите соиграчи слават историски успех.

Во последните десетина минути Франција не успеа да дојде до изедначување, домаќинот доживеа болен пораз на свој терен.
По последниот свиреж на судијата славјето можеше да почне, Португалија ја слави својата прва голема титула!