Посеани 80% од нивите во Пелагонија

0
255

Во битолскиот дел на Пелагонија, есенската сеидба е при крај. Според информациите од подрачната единица на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, во овој регион есенските култури ќе бидат засеани на површина од 18.000 хектари. За разлика од минатите години годинава нешто помалку се одлучиле земјоделците да засеат есенски култури, најверојатно поради ниската откупна цена од 6,5 до 7 денари за килограм пченица

– Годинава во пелагонискиот регион под пченица ќе бидат засеани околу 18.000 хектари, пченицата била засеана на 10 илјади хектари, јачменот на 5 илјади хектари, 3 илјади хектари на маслодајна репка , а минатата година со маслодајна репка биле засеани 1500 хектари ,80% од планираното е засеано, изјави Илија Србиновски раководител на ПЕМЗШВ -Битола

Многу мал процент имало и неприбрана пченка . Временските услови биле солидни за извршување на сите агротехнички мерки.

Останува земјоделците да се надеваат дека в година лебното зрно ќе им биде откупено со повисока цена од 7 денари за килограм предадено лебно зрно