Посебен сообраќаен режим денеска и утре во Крушево

0
397

За безбедно и непречено празнување на Илинден, ќе има посебен сообраќаен режим денеска и утре во Крушево.

Од 18 часот до полноќ ќе биде забранет сообраќајот за сите возила по главната сообраќајница во градот, а утре од девет до 11 часот ќе има забрана за движење на возила од местото наречено бензинска пумпа до Мечкин Камен.

Посебен сообраќаен режим ќе има и во центарот на Скопје и во куманосвко Пелинце.