Поскапува одморот во Грција

0
642

Од утре поскапуваат рестораните во Грција. ДДВ се зголемува од 13 на 23 отсто. Со тоа, сите што сметаа дека ќе направат некоја добра кафана односно таверна во Грција сега ќе треба да си пресметаат повеќе пари во домашниот буџет.

Данокот од 23% се воведува за голем број на стоки, како и за патувањата во јавниот транспорт, такси-возилата, билетите за авионите и бродовите.

Зголемувањето на ДДВ за хотели од 6,5 на 13% ќе стапи во сила од октомври, по завршувањето на туристичката сезона.

“Гардијан” наведува дека менаџери на хотели веќе ги предупредуваат гостите дека ако имаат појадок во собата, таа ќе поскапе со воведувањето на ново ДДВ за храната и пијалоците и од утре ќе треба да си доплатат.

Ценовни промени нема да претрпат селско-стопански животни, месо, риби, растителни семиња, маслиново масло, вода, електрична енергија, природен гас, товарни возила, контрацепција, ортопедски материјали, опрема, земјоделски, социјални и погребални услуги, а исто престој во хотели, паркинзи, кампови , и за нив останува досегашната стапка од 13 проценти ДДВ.