Поскапуваат цигарите

0
367

Согласно календарот за зголемување на акцизата за цигари, од први јули предвидено поскапување по кутија цигари за 3 денари. Новата, повисока цена во продавниците на Македонија треба да почне да се применува на стартот од летото доколку производителите не решат тие да ја компензираат.

А некои брендови на цигари веќе почнаа да се продаваат по повисока цена од 5 денари за кутија

Некои граѓаните велат дека онај што пуши цигари, не значи дека со поскапувањето ќе ги намали. Други пак сметаат дека треба тој што пуши цигари треба да ги откаже бидејќи нивната цена е многу висока

Ова е последно зголемување на цените за 3 денари по кутија. Согласно планот, од наредната година цигарите ќе поскапуваат по 4 денари годишно.
Ваквиот тренд на покачување за осум години драстично ќе ги поскапи цигарите во земјава, кои се очекува да надминат 2,5 евра по кутија.