После 30 години пауза отворeна зоолошката во Лерин

0
1626

Некаде во 80-те години од минатиот век, леринчани останаа без зоолошката градината, една од како што некои велат од најстарите зоолошки градини во таа земја.

19.08.Still038

Минатата недела на свечена церемонија беше повторно отворен, но сега реконструирана. А оваа приказна се најде во интересот на јавноста заради тоа што за прв пат во изминатите 60 години, координирано, во прекуграничниот регион Пелагонија/Лерин се извршија реконструктивни зафати на два значајни објекти од областа на заштитата на националниот и светскиот биодиверзитет- Зоолошката Градина во Битола и Зоолошката градина во Лерин, со што непосредно се подобрија инфраструктурата и услугите за заштитата на животната средина и одржливото користење на постоечките ресурси во овој регион.

19.08.Still037

Центарот за развој на Пелагонискиот регион присуствуваше на промотивниот настан за отворањето на комплетно реконструираната Зоолошка градина во Лерин, Република Грција, реализирано во рамките на проектот “Зоо Иноватива”.
Во рамките на проектот, успешно беше воспоставена прекугранична соработка помеѓу двата региони, согласно регулативите на ЕУ реконструирани беа 8 живеалишта во Зоо Битола, целосно беше реконструирана Зоо Лерин, успешно беа воведени иновативни анимациски содржини во двете градини наменети за жителите на двата региони и беа зајакнати институционалните капацитети на двете Зоолошки Градини.


Реализацијата на проектот беше во рамките на Програмата за прекугранична соработка со Грција 2007-2013, која што е дел од Компонента 2 на Инструментот за претпристапна помош на Европската Унија, финансиски поддржан од Европската Унија и Министерството за Локална Самоуправа на Република Македонија.