После Лос Анџелес , Керем Ѓорсев ќе настапи во Битола

0
562

Со настапот на Наташа Атлас, уникатната белгиска пејачка која се обидува да ја обедини источната и западната музика и врвниот турски џез пијанист Керим Ѓорсев, кој ќе настапи со своето трио, на 5-ти и 6-ти ноември ќе се одржи седмиот Фестивал на Музика од светот. Манифестацијата како организатор ја потпишува Центарот за култура – Битола и која во изминатиов период несомнено израсна во едно од позначајните културни случувања во регионот.

Турскиот пијанист и композитор Керем Ѓорсев , класично образуван, но силно инспириран од џез гигантите Чарли Паркер, Мајлс Дејвис и посебно Бил Еванс, кариерата ја започнал во Истанбул .

Албумот „Therapy“ го снимил со Лондонскиот филхармониски оркестар , со Филхармонискиот оркестар на Прага ја снимил својата посвета на омилениот Бил Еванс во 2013 година, а минатата година во октомври, со својот квартет во кој биле и двојниот добитник на наградата Греми – американскиот саксофонист Ерни Вотс, Каган Јилдиз на бас и Ферит Одман, го објавува одличниот албум „Emigrant“.

На Фестивалот на музика од светот, триото на Керем Ѓорсев ќе биде придружувано од Камерниот оркестар – Битола со кој овој пат ќе диригира маестро Сашо Татарчевски.

Инаку, за време на Фестивалот ќе биде промовиран „Шербет Љубојна“, новиот албум на Љибојна и гостинот Исмаил Лумановски, чиј издавач е НУ Центар за култура – Битола.

Без коментари

LEAVE A REPLY