После турнејата во Хрватска, Дневникот на лудиот на Фестивалот на монодрама

0
515

 

Подвижниот музички театар (Moving Music Theatre-MMT) од Битола чиј основач и уметнички директор е композиторот Марјан Неќак гостува на Меѓународниот фестивал на мали сцени во Риека.

Неќак изјави дека по настапите во Загреб и Опатија и Риека, на 7 -ми мај настапуваат во Битола на Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2016“.

Moving Music Theatre (MMT) создава современа музика за театар и танц, современи форми на опера, музички и театарски експериментални изведби.

За сите изведувачи, пеачи, музичари, режисери, кореографи и визуелни уметници, ММТ ќе стане лабораторија за истражување идеи и развој на иновативни изведувачки практики низ призмата на музичкиот театар. ММТ исто така ќе работи во сферата на филмот, визуелни уметности и мултимедија како и едукативни проекти за идни млади творци и изведувачи.

Moving Music Theatre ќе означи почеток и промоција на еден нов возбудлив начин на несекојдневна изведбена пракса.

Пролетната турнеја на ММТ-Битола почна со изведба на монооперата „Дневникот на лудиот“ на фестивалот во Опатија, а продолжи со три изведби во Загреб на новата сцена за независен театар „Рибњак“. После фестивалот во Битола следува летната турнеја низ Хрватска.

Во секој елемент на ова драмско-музичко-сценско-видео дело, извира извонредност како клучна претпоставка за уметничка вредност, а Неќак е композитор кој високо котира на уметничката сцена во Хрватска.

Монооперата „Дневникот на лудиот“ од Гогољ во режија на Марјан Неќак, во која настапува актерот Озрен Грабариќ,а за која видеото го изработи Марин Лукановиќ, гостуваше на фестивали во Сплит, Бриони, минатата година беше изведена и на фестивалот „Охридско Лето“, а за најдобра претстава беше прогласена минатата есен во Загреб.

Во Битола во рамките на фестивалот на монодрама, ќе биде изведена на 7- ми мај со почеток од 20 часот.