Последен ден од кампањата – СДСМ во Гази Баба, ВМРО-ДПМНЕ во Прилеп

0
589

СДСМ и Коалицијата „За живот во Македонија“ вечерва ќе одржи последен митинг во рамки на оваа изборна кампања во општина Гази Баба во 19 часот, а ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „За подобра Македонија“ во Крушево (17:30) и во Прилеп (20 часот)

Коалицијата за промени и правда предводена од Демократскиот сојуз ќе одржи прес-конференција на која лидерите на Коалицијата ќе ги презентираат ставовите околу предизборниот процес и главните пораки до граѓаните, а вечерва од 18 часот Коалицијата ќе одржи митинг на плоштадот „Лептокарија“ во Скопје.

Политичката партија Левица ќе одржи прес-конференција во 12.30 часот во паркот „Жена борец“ во Скопје.

Коалицијата „ВМРО за Македонија“ ќе одржи средба со граѓани на Општина Прилеп на плоштадот во Прилеп во 13:30, а вечрва од 19 часот ќе има митинг во Битола во Центарот за култура.

.