Последен ден расправа за ребаланс на буџетот

0
324

Законодавниот дом синоќа го заврши четвртиот, и денеска ќе продолжи со последниот ден наменет за расправата за ребалансот на Буџетот за 2017 година.

Пратениците на ВМРО ДПМНЕ тврдат дека власта со ребалансот ги крати капиталните инвестиции и ги намалува парите во клучни сектори, додека пратениците од владејачкото мнозинство не отстапуваат од ставот дека се кратат нереалните трошења, кои ги правела претходната власт.

Собраниската расправа продолжува денеска, а до крајот на денот треба да заврши  расправата и  да се гласа за предлогот за ребаланс.

Без коментари