Последни подготовки за Сон во ноќта спроти Иванден

0
676

Народниот театар Битола деновиве е во интензивни подготовки за осмата премиера по ред„Сон на летната ноќ“, односно Сон во ноќта спроти Иванден, од Шекспир во режија на режисерот од Калифорнија , Џон Блондел.

Претставата премиерно ќе се прикаже на матичната сцена на 31-ви јули, а на 5-ти август ќе биде изведена во Охрид како дел од фестивалот Охридско лето.

Националната установа Народен театар Битола од јануари до јуни има реализирано седум премиери, прикажани се 112 претстави и број на публика што ги погледала претставите е 11 915. Во јули, покрај редовниот репертоар, се одржа и  јубилејниот петти „Битолски Шекспиров фестивал“.

 

Без коментари