Поставен камен темелник за крст во Бутел

0
844

На осветувањето присуствуваа свештеници од скопската епархија, скопските градоначалници и претставници од политичкиот врв во земјава.

Иако голем број на симпатизери и членови на ДУИ утрово се собраа во Чаир и се обидоа да го блокираат овој настан, тие сепак беа спречени во намерата од бројните полициски сили, кои од утринава беа распоредени на сите клучни локации во Бутел.

Новиот голем крст треба да биде реплика на тој што од пред две години е поставен во општината Аеродром. Освен тоа што ќе биде висок 51 метар, ќе има ширина од 4 метри, со распон на краците од 34 метри, врз постамент од 5,5 метри и фрески на дванаесетте свети апостоли.

За неговата изработка и проектната документација, како и трошоците за поставување и изведување на крстот е донација од правни и физички лица.

Фото: Борче Поповски