Поставени зелено-белите столчиња, спортската сала „Младост“ со нив лик

0
3051

Спортската сала „Младост“ во Битола од денес е комплетно со нив лик. Поставени се зелено-белите столчиња и ликот на реновираниот објект е според плановите. 3.500 зелено-бели столчиња се поставени на двете трибини во салата со што скоро се завршени скоро сите детали предвидени во декември кога започна процесот на реновирање.

Така на почетокот од април ракометарите на Пелистер и Еурофарм Работник, ракометарките на Пелистер и кошаркарите и кошаркарките на Пелистер ќе започнат да ги играат своите натпревари во спортската сала „Младост“.