Постери на полски графичари во Битола

0
744

Изложбата на графички дизајн со наслов „Полската школа на плакат“ на која беа презентирани различни плакати направени од страна на неколку генерации полски графички уметници, вклучувајќи ги мајсторите на полската постерска уметност , беше отворена во културниот центар Магаза.
Оваа изложба е во организација на битолскиот Завод и музеј, а во соработка со музејот на град Скопје и Полската амбасада.
После Скопје и Битола, плакатите ќе бидат изложени во галерии и музеи во неколку градови низ Република Македонија.