Постои договор меѓу судот и одбраната намерно да се одолговлекува процесот

0
490

Специјалната обвинителка Фатиме Фетаим побара објаснување од судијката која го води предметот за насилството во општина Центар зошто во Апелацискиот суд биле испратени сите списи кога било доволно само да се испрати записникот од рочиштето на кое таа и Катица Јанева беа казнети по 2.000 евра,

Фетаи за медиумите изјави дека очигледно постои координација меѓу судот и одбраната на обвинетите со единствена цел – да се одолговлекува почетокот на судскиот процес.

“Очигледно е дека постои договор меѓу судот и одбраната, со една единствена цел, да се одложи судењето. На ова упатува околноста што денеска, кога сите списи за предметот се во Апелацискиот суд, во судница беа присутни сите обвинети, што не се случило долг период”, рече Фетаи.