Постои можност за терористички напад во Македонија

0
814

Mинистерот за внатрешни работи, Митко Чавков на новинарско прашање за тоа дали Република Македонија може да биде цел на терористички напади и дали сме подготвени да одговориме односно да превенираме, денеска сподели дека постојат можности за терористички напад во државава.

Состојбите во Европа и пошироко, истакна, упатуваат на тоа дека нема простор за теоретско елаборирање на овие проблеми и за импровизација, туку треба конкретно и фактичко подготвување за евентуален терористички напад, бидејќи се многу реални.

– Има реални можности за евентуален терористички напад, за тоа не треба посебна експертиза, едноставно треба да се водиме од индикаторите кои постојат, изјави денеска Чавков.