Постоосмомартовско женско дружење на Пелистер

0
2835

Планинарките од Битола, а во организација на ПСК. Димитар Илиевски Мурато, постосмомартовски денот го прославија на Баба планина.

Рекреативната постосмомартовска женска планинарска дружба се одвиваше до планинарскиот дом Широка кој се наоѓа на 1950 м на Пелистер.

На искачувањето учествуваа повеќе планинарки и членови на другите планинарски клубови од Битола.

Имено оваа иницијатива е поттик и мотивација за сите да се запознаат повеќе со убавините на нашата Баба планина, бројните позитивни страни на планинарењето меѓу кои и подобрувањето на психофизичката состојба на човекот.

Женската планинарска авантура започна во раните утрински часови, а дружењето траеше до вечерните . ПСК. Димитар Илиевски Мурато по 4 ти пат ја организираа оваа иницијатива, покрај многубројните тури низ Македонија и надвор од државата.

 

Битолските планинарки докажаа дека овој ден покрај посетите на рестораните може да се одбележи на еден сосема поинаков начин.

Претходните тури беа органзиирани на Кајмакчалан, Големо Езеро и многу други прекрасни планински места.