Построги санкции ако Русија ги признае изборите

0
342
Украинскиот претседател Петро Порошенко и се закани денеска на Русија со проширување на санкциите, ако Москва ги признае локалните избори во самопрогласената Доњецка и Луганска република (ДПР и ЛПР).
– Ако Русија ги признае локалните избори во ДПР и ЛПР, тоа ќе биде грубо кршење на договорот од Минск, рече Порошенко во интервју за украинската телевизија и предупреди дека тоа може да се заврши со „проширување на санкциите кон Русија, со други последици.
Тој ги нарече изборите во ДПР и ЛПР лажни и порача дека украинските власти ќе сторат се тој процес да не се повтори, јави ТАСС.