Посвежо време со повремени врнежи од дожд

0
805

Променливо облачно и посвежо време со повремени врнежи од дожд не очекува во текот на денешниот ден.

Врнежите од дожд во западните и источните делови, на некои места се очекува да бидат поинтензивни.

Во јужните делови од земјата во попладневните часови се очекува локален пороен дожд со ретки грмежи.

Од УХМР најавуваат дека ќе дува слаб до умерен ветер од северен и североисточен правец.  Утринската температура во земјава ќе се движи од 12 до 20, а дневната од 21 до 28 степени. УВ  индексот ќе има вредност 6.