Потерници за Сноуден и Асанж како озлогласени шпиони

0
225

Поранешниот соработник на Националната агенциција за безбендост на САД Едвард Сноуден и основачот на Викиликс Џулијан Асанж се најдоа на потерница со предупредување – Озлогласени шпиони.

Како што е објавено на Твитер профилот на Викиликс, двете потерници се објавени од Службата за безбедност на американски Пентагон. На нив се наоѓаат портрети на Сноуден и Асанж со детален опис за нив.

Во интервју за британскиот весник Гардијан Сноуден побара од американскиот претседател Барак Обама да го помилува, бидејќи објавувањето на доверливите податоци, што претставува најголем скандал со протекување информации во американската историја, било морално дело.

Асанж пак, како што е најавено во средината на октомври ќе одговара на прашања на шведските власти.

Без коментари

LEAVE A REPLY