Потона брод со 150 туристи во Колумбија

0
982

Брод со 150 туристи потона во вештачко езеро во Гуатапе, во северозападниот дел на Колумбија. Засега се потврдени девет жртви, а 30 се водат како исчезнати.

Властите соопштиле дека сè уште не се знае причината за потонувањето на бродот.

Според претставник од Националниот центар за управување со кризи, Карлос Иван Маркез, сите жртви се Колумбијци, а меѓу нив нема деца.