Потона ферибот што превезувал 173 патници

0
142

Ферибот што превезувал 173 патници потона крај брегот на Филипини. Според властите досега се пронајдени тела на 33 жртви.

Спасувачки тимови успеале да им помогнат на десетици патници. Фериботот бил на 200 метри од пристаништето во Ормок кога потонал поради лошо време.
Траектите постојано се на оваа релација меѓу двата острови кои ги сочинуваат Филипините, но тој вид на сообраќај е регулиран лошо, а пловидбата се одржува лошо, што во последните неколку години резултираше со чести несреќи и стотина жртви.